Прва генерација - МИТКО
Почетокот на 18 век, во с.Кадино, поточно, помеѓу 1705 -1710 година, Митко бил земен, усвоен од турски ага кој немал деца. Договорот бил, на агата да му вика „Бабо„ те да го смета за татко, со договор идните потомци на Митко да бидат православни ( според кажувања од Вета и Цветанка Бабоска, подоцна Славеска).
Понатаму, сите потомци од Митко низ вековите до денес, по машка линија, го сочувале презимето „Бабоски„.
Деца на Митко, кои се од втората генерација биле:
- Крсто, род. 1732, од кого потекнува третата генерација
- Ацо,
- Митко, р.1737, жена Султана
- Перса.
No comments:
Post a Comment